Бадник, Коледе, Божиќ… Традиција, верување,празнување… Се започнува со коледарските огнови… На многу места, па и во Скопје. А на оган не се оди само за да се згрееш…
Таму ќе се видиш и со пријателите, соседите, другарите… Цело маало, соседните маала, па и гости однадвор… Ред е да се наздрави со нешто… А, со што на студеното, ако не со греано вино и ракија. Така вели традицијата, онаа непишаната, маалската…
Една, па уште една… И така една по една…
…И дојдовме до најискрената коледарска порака што еден скопјанец им ја оставил на децата коледари, кои другото утро тропаат и ѕвонат на врата најавувајќи го големиот ден. Чесно и искрено, нема што!