Радио Милева

Сека Алексиќ откри како некогаш го прославувала Божиќ

Сека Алексиќ откри како некогаш го прославувала Божиќ

Сека Алексиќ откри дека како дете не се радувала на празниците бидејќи почнала да работи на 14 години. Додека нејзините пријатели се подготвувале за подарок, таа се подготвувала за својот настап.

„Бев тажна бидејќи моите друграчиња славеа со семејството, добиваа подароци и веруваа во Дедо Мраз. Не размислував за празниците бидејќи морав да работам за мене и моето семејство. Бев среќна кога ќе дојдеа тетките од Белград и Австралија кои ни носеа пакетчиња. Без оглед на финансиите, за Божиќ се мораше да има на маса, па ретки беа моментите кога можевме да си дозволиме убава храна. Мајка ми е одлична готвачка, па од малку состојки направи богата трпеза. Навечер морав да одам на настап“ вели пејачката.

Сека откри како сега го прославува Божиќ со својот сопруг Вељко и својот син Јаков.

„Вељко пораснал во семејство како и моето, каде се почитуваат обичаите и традииците. Ден пред Божиќ мојот сопруг донесува бадниково гранче. Со тоа во домот се внесува здравје, среќа и напредок. Покрај бадникот, тука е и житото за да таа година биде плодна, како и слама бидејќи на неа се родил Исус. Со заоѓање на Сонцето го внесуваме бадникот во куќата. На трпезата има риба, грав, суви сливи….По вечерата храната останува на маса во духот на светиот ден“ вели Алексиќ.

Сека истакна дека не пости само на Бадник туку го пости целиот Божиќен пост.

To top