Познатата српска пејачка Марија Шерифовиќ во кругот на семејството го прослави Бадник, па веднаш се пофали на својот Инстаграм од семејната трпеза.
Имено пејачката верува дека оваа година ќе и биде успешна како минатата, а доказ за тоа е и среќната паричка која ја пронајде пејачката во својот леб.
-Се укажува на тоа дека и оваа година ќе биде повеќе од добра. Ајде Боже мој!, напиша Шерифовиќ.
Инаку таа во лебот не пронајде обична паричка, туку дукат.