Кумановецот Дарко Петковски – Спејко кој стана познат по учеството и победата во реалното шоу „Големиот брат“ и тој како и својата девојка, блогерката Љупка Митрова, одлучи да одговара на прашања на Инстаграм поставени од неговите следбеници и обожаватели.
Оние што го следеа шоуто, добро знаат дека Дарко важеше за скромно и повлечено момче кое не сака да влегува во конфликти или да да привлекува внимание на себе со своите постапки.
Токму таа негова повлеченост пред камерите и скромноста, беа интересни за публиката која го изгласа за победник.
Неколку години подоцна, Спејко се уште ги има истите тие фанови, но и како следбеници на Инстаграм. Дарко реши да одговара на нивните прашања, од кои им откри дека кога е гардеробата во прашање не е така скромен- сака да му се гледа логото на брендот, да носи маркирана гардероба и таква која ја има само тој.
Од друга страна пак, како спортски тип го прашаа дали некогаш бил порочен на што тој им одговори дека понекогаш знае да се напие чашка ракија или вино, но ништо повеќе.
Инаку, Дарко Петковски победи во „Големиот брат“ во 2015 година и освои 100 илјади евра.