Можеби најубавата и сигурно најпопуларната двојка во светот на спортот, Ана Ивановиќ и Бастиан Швајнштајгер се сликаа за февруарското издание на германското списание „Вог“.
Поранешната српска тенисерка и фудбалерот со потекло од Германија, заедно позираа за новиот број на германски Vogue и сликите ги споделија на нивните профили на Instagram.
View this post on Instagram
Thank you @voguegermany and @alexilubomirski for the amazing shoot, it was truly unforgettable!
Додека на кориците позираат во елегантно издание, во внатрешноста на магазинот се наоѓаат преубави фотографии кои настанаа во Мајорка.
На едната прегрнати шетаат по плажата, додека на другата на смеа се контраат околу фудбалската топка.
Официјалниот Instagram профил на германскиот Vogue објави видео клип „зад камерата“, каде што на прекрасен начин ги сними односите меѓу Ана и Швајни.