Станија иако овој пат закопчана до грло, покриена од рамена до петици, сепак предизвика вистинска бура на Интернет, а нејзините фановии беа воодушевени. Овој пат не од фотографијата, туку од она што таа го напиша под неа!
Станија Добројевиќ еднаш ја напушти „Задруга 2“ заради здравствени проблеми, а сега таа на социјални мрежи го објави своето враќање во реалното шоу.

Добројевиќ, која наводно беше оперирана во Америка, со коментар на Инстаграм дискретно ја заскокотка јавноста дека можеби ќе се врати во ова риалити.

„Армијо, подготви се полека…“ – пишува старлетата под фотографијата што ја објави на социјалните мрежи, која покрена лавина коментари, од кои се гледа декаа нејзините фанови едвај чекаат да ја видат повторно во „Задруга 2“.