Пејачката Александра Пријовиќ која е бремена, празниците ги поминува во друштво на семејството и пријателите.
Поради бременоста пејачката ги откажа сите настапи,а неодамна се одлучи за една промена.
Имено, фолкерката одлучи да ја скрати косата. На „Инстаграм“ објави фотографија на која се гледа промената.
Судејќи по коментарите на социјалните мрежи, на нејзините следбеници им се допадна оваа промена.
За потсетување, Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ го очекуваат своето прво дете односно син кој ќе се вика Александар.