Задникот на поп кралицата Мадона деновиве е топ тема на социјалните мрежи и таблоидите низ светот.
Имено, Мадона за новогодишната ноќ настапуваше во еден њујоршки клуб каде се појави со значително поголем задник од оној што го имаше.
Многумина коментираа дали станува збор за импланти или фотошоп, а пак други се пошегуваа дека пејачката изгледа како да ставила перница на нејзината позадина.
Мадона на остана имуна на ваквите критики, па во свој стил се огласи на својот Инстаграм профил и напиша:
– Очајно ми треба ничие одобрување. Имам право на моето тело како сите други. Благодарам 2019! Ќе биде прекрасна година – напиша Мадона додавајќи хаштази за слобода, респект, без страв и без дискриминација.