Иако медиумите веќе извесно време шпекулираат дека поранешната пејачка Ноне Неделковска и ставила крај на врската со црномурестиот Рајан, таа засега не се огласи по ваквите пишувања.
Но затоа пак, постојано е присутна на социјалните мрежи покажувајќи како го минува секојдневието, а очигледно и е доста забавно во ново машко друштво.
Имено, работата на брод ја однесе на сите страни од светот, а сега за време на празниците Ноне е „закотвена“ на Балканот и тоа со машка придружба.
Од Сомбор до Нови Сад, Ноне преку Инстаграм откри дека празничните денови ги поминува доста забавно шетајќи низ снежната Србија, а друштво и прави едно синооко момче со кое таа објави доста фотографии.
Дали се пријатели, колеги, роднини или нешто повеќе, засега е непознато, но јасно е дека слатката велешанка Новата година ја почна без Рајан, а со ново машко друштво.
Покана за кафе-дружба доби и од екс-колегата Бојан Маровиќ со кого во 2008 на „Макфест“ ја имаа дуетската „Без тебе нема утре“, па за Ноне тоа „утре“ се’ уште важи.
Насмеана, позитивна, енергична, секаде и за секого, а каде ќе ја однесе бродот и во какви нови авантури, оставаме времето да покаже.