Радио Милева лекарите прв пат слушаат

Дарко Лазиќ побегнал од лечење: Пејачот за Нова Година на своја рака го напуштил рехабилитациониот центар (ФОТО)

Дарко Лазиќ побегнал од лечење: Пејачот за Нова Година на своја рака го напуштил рехабилитациониот центар (ФОТО)

Пејачот Дарко Лазиќ, иако во лоша здравствена состојба и неспособен за самостојно движење, избегал од Заводот за рехабилитација “Шелтерс” во Младеновац за да ја прослави Нова Година во една кафеана.
Тој и неговата вереница Марина  без лекарска дозвола и знаење,  заминале за Аранѓеловац, каде во една локална кафеана со звуците на хармониката ја дочекаа новата 2019 година. Не сакајќи да ја скрие својата новогодишна локација, Дарко фотографиите и видео клиповите од кафеаната го закачи на својот Инстаграм профил, што предизвика многу коментари, и го навлече гневот на оние кои го спречуваа во тоа.


„Не знаев дека Дарко заминал  од Шелтерс, сега прв пат слушам од вас“ – изјавил за “Ало!” шокиран и изненаден неговиот лекар,  Д-р Милош Полексиќ, кој беше најгласен во врска со забраната за напуштање на Институтот.

„Никој од екипата на лекарите која се грижи за здравјето на Дарко, не беше тој да го напушти Шелтерс за време на празниците, ако се земе во предвид неговата физичка состојба и неможноста за самостојно движење. Па и тоа што моментално владеат вируси и грип, вклучувајќи го  ризикот да стапите во контакт со други луѓе болни. Неговата слезина е извадена и неговиот имунолошки систем е нарушен“ – вели лекарот и додава:

„Не бев на работа два дена, па не знаев за овој потег.  Од друга страна и не бев во можност да разговара со него за причините за таквото негово однесување, па затоа ќе се воздржам од коментари“ – изјавил за “Ало!” Д-р Милош Полексиќ.

Фото: Дејан Бриза

To top