На интернет кружи снимка од настапот на Мадона, поради која многумина се прашуваат што се случило со нејзиниот задник? Тоа доведе до несогласување дали станува збор за имплантот во кое се вклучи и писателот Перез Хилтон.
Пејачката на Нова година пееше во еден локал во Њујорк со нејзиниот син, Дејвид, и како што обично се случува, веднаш се појавија снимките од нејзината изведба. Сепак, изгледа дека настанот остана во сенка, бидејќи повеќе се коментира за нејзиниот задник.
View this post on Instagram
“Дали Мадона стави импланти”, праша Перез, а потоа почнаа да се нижат коментари.
“Изгледа како да ставила перница во нејзините панталони”, пишува еден од неговите пријатели.
Меѓу нив се и оние кои мислат дека може да носи пелени, а со оваа шега додаваат дека Мадона за Нова година има нов задник.