Дарко Лазиќ првпат прокоментира тоа што Ана Севиќ сакаше да ги тужи неговите родители додека тој лежеше во болница.
Како што вели пејачот тажно е што се занимавала со такви работи додека тој бил во кома, а сигурен е дека неговите родители ништо лошо не кажале за негова сопруга.
„Многу е лошо што Ана сакаше да ги тужи моите родители, односно испрати опомена пред тужба поради тоа што лошо зборувале во јавност за неа. Знам дека моите родители никогаш не плукале по Ана. Едноставно не се такви. Да беше така јас прв ќе реагирав. Сега треба и јас да тужам што во медиумите излегуваше дека таа плукала по моите родители? Тоа е глупо. Додека бев во болница таа се заниамваше со тие работи. Ги познавам моите родители и да кажеа нешто лошо, ја прв ќе им замерив, ама знам дека не се“ изјави Дарко и откри колку пати Севиќ го посетила во болницата во Земун.
„Додека бев во болница се јавуваше и дојде еднаш во посета. Се слушаме само поради Лорена, јас ќе го завртам нејзиниот број, а таа ќе го даде телефонот на ќерка ми“, вели пејачот.
За потсетување, Ана сакаше да ги тужи родителите на Лазиќ, а во таа прилика нејзиниот адвокат изјави:
„Точно е дека Ана планира да ги тужи родителите на Дарко. Како полномошник на госпоѓата Севиќ ќе го повторам она што го пративме до сите редакции. Сите кои во иднина ќе објават неточни информации ќе мора да ги одговараат.Така е и во овој случај“ изјави тогаш адвокатот на пејачката.