Актерот Марко Николиќ почина вчера на 73 годишна возраст. Многу актери упатија последен поздрав на својот колега, првиот сценски татко, а неговата сопруга од култната серија „Бољи живот“, Светлана Бојковиќ се уште не може да верува дека го нема нејзиниот Гига Моравац.
-Страшно ми е тешко. Не можам да ви опишам колку ми е жал што толку се мачеше. Тој беше прекрасен човек и не заслужи вакво заминување, со грутка во грлото зборува Светлана за српските медиуми.
-Од летово не сум го видела. Тој имаше широк круг на интересирања, не го интересираше само глумата. Човек со него можеше се, за разни теми да разговара. Беше љубопитен и со отворен ум. Беше вистински пријател, вистински, се сеќава Светлана за поминатите моменти со Марко.
-Секогаш беше насмеан и сакаше да се шегува. Ако јас изјавам нешто духовито, тој секогаш ме надополнуваше. Секогаш се шегувавме на снимањата. Беше прекрасно да се работи со него, завршува актерката.