До Новата година одбројуваме уште многу малку, а деновиве токму по повод празничниот период, телевизиите ги снимаат новогодишните програми кои ќе ги следиме на 31-ви декември.
За секоја Нова година, квизот „Се или нешто“ во изминатите шест сезони, донесе специјални гости-натпреварувачи, кои водат битка со бакнакарот, а освоената сума ја донираат во химанитарни цели.
Сигурно се сеќавате на гостувањето на Даниел Кајмакоски, Дарко Спејко… а годинава во студиото пред публиката друштво на Лила и правеше Тамара Тодевска.
Фотографиите од снимањето прва ги објави Лила, која на своите следбеници им најави што може да очекуваат од квизот до крајот на 2017-та година.