Радио Милева

Наташа Беквалац откри зошто за првпат нема новогодишна елка во нејзиниот дом

Наташа Беквалац откри зошто за првпат нема новогодишна елка во нејзиниот дом

За време на Нова година и новогодишните празници, домовите на познатите се уредени во новогодишен стил.

Пејачката Наташа Беквалац е позната по тоа што сака да го уреди својот дом во новогодишно – божиќно издание.

Меѓутоа, оваа  година за првпат пејачката не ја накити новогодишната елка, а ја откри причината за тоа.

„Ова е прва година како нашиот дом не е украсен и немаме новогодишна елка. Се договоривме да не ја украсиме елката поради неколку причини бидејќи Катја само што прооди и елката ќе и привлекува внимание. Бидејќи се фаќа, го намаливме ризикот нешто да не се случи или да не ја повреди“ откри Беквалац за „Блиц“ и додава:

„Имаме преубава елка со вештачки снег и делумно не ја поставивме поради хигиена. Катја е многу мала и сигурно нема да се сеќава, па се откажавме од убавините на новогодишната елка“ вели популарната пејачка.

To top