Радио Милева никогаш не чекори сама

Главната уредничка на ТВ Алфа, Анастасија Деа Богданоска ја симна маската… на Бетмен! (ФОТО)

Главната уредничка на ТВ Алфа, Анастасија Деа Богданоска ја симна маската… на Бетмен! (ФОТО)

Новинарка во најчитаниот македонски портал, ТВ водителка во Канал 5, однеодамна главен уредник на програмите и содржините на ТВ Алфа. За Анастасија Деа Богданоска јавноста многу малку знае… И приватно и професионално. Ова второто, од она што можеше да се прочита или види од нејзините статии и емиси додека беше лице од фронтот на екранот на Канал 5.

Откако седна на уредничкото столче, наместо неа, останува содржините на националната ТВ Алфа да говорат. Приватноста пак… тотална мистерија! Освен за малкумина кои знаеја која е, со кого е, како се чувствува, што доживува и преживува… На нејзиното лице тоа никогаш не можеше да се забележи, а камо ли дознае. Само насмевка и длабок кристално стаклен поглед во далечина како одбранбен систем, како механизам за компензација на емоциите.

А девојката од сенка, продолжуваше и натаму да чекори по својот пат… Со секој чекор – нова надеж… Надеж длабоко скриена во нејзиното срце, дека еден ден сепак правдата ќе победи. Барем онаа, од личната борба, во која веруваше, заради која никогаш, ама никогаш не чекореше сама…

И сега, кога прангите на неправдата паднаа,  а правдата и ги отвори вратите на надежта, па таа стана реалност и Деа ги отвори вратите на својата тајна. Па во тоа име, го симна превезот на мистеријата и симнувајќи ја „маската на Бетмен“,  јавно ја покажа својата љубов! Една фотографија и само една максима беа доволни:

„Чекори, чекори со надеж во срцето и… никогаш нема да чекориш сам… Никогаш“!

Колку за потсетување,  Богдан Илиевски – „Бетмен“, заедно со Борис Дамовски и Владо Јовановски беа тројцата нови, кои три дена пред Новата 2019 година беа амнестирани за настаните од 27 април,  со одлука на Кривичниот суд.

Илиевски, Дамовски и Јовановски беа обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Според обвинението тие се товареа дека на протестите со потпалувачки говори го потпалувале народот!

 

To top