Mинатиот викенд му се омажи поранешната девојка на блогерот и победник во „Големиот брат“, Дарко Спејко, атрактивната русокоса Тина Шегетин. Тој и неговата сегашна поубава половина Љупка Митрова, која пак претходно се разведе заради него, беа присутни на свадбата во Никшиќ. Медиумите во регионот безмалку повеќе простор им посветија на Спејко и Љупка , отколку на младоженците. Особено на Љупка… која иако за нив анонимна, онака атрактивна, провокативана, сексапилна и заводлива, беше мета на фотографите, ама и на јавноста. Сите „кршеа врат“ за да дознаат која е згодната девојка на „големиот брат“?
А Спејко и Љупка се погрижија преку своите профили на социјалните мрежи да ги снабдат и медиумите и сите други „љубопитни сеирџии“ со доволно материјал, за да имаат што да кажуваат и прикажуваат, зборуваат и озборуваат, пишуваат, објавуваат…
И додека веќе денес јавноста ќе може да се воодушевува на новата фотографија која ги покажува велелепните достигнувања на мајката природа и златната танга, ако фрлите поглед на Љупка од задна перспектива, секако…
…се наметнува една друга дилема: Дали раскошните атрибути на понежната половина од модната блогерска двојка, наскоро ќе направат таа на Спејко да му стане повеќе од девојка?
И додека победникот на реалното шоу изгледа прилично вљубен, сексапилната блогерка од Струмица, веќе почна да бира венчаница! Или барем така изгледа на постираната фотографија, преку која на својот Спејко само му праќа „мали сигнали“?!
А кој да знае? Љупка Митрова со раскошни атрибути, во златна танга и „брачни сигнали“? А, Дарко Спејко? „Големиот брат“ некни беше сват… да не е на ред, да стане и зет?