Ја знаете ли онаа старата: „Кога опинокот ќе се покондури“? – пишува ВИП екипата на српскиот портал Ало.рс!
Ако не, тогаш вистински пример за таа стара максима е ликот и делото Кристина Кија Коцкар. Измачената, измамена стјуардеса, ја остави работата во една авиокомпанија каде туркаше колички со храна и сокови, им покажуваше на патниците како се врзуваат безбедносните ремени и леташе на небото под облаците.
Но, кога таа сфати дека желбите и можностите се нешто друго, и дека таа заслужува слава, одлучи да го испрати нејзиниот сопруг во реално шоу и да се создаде сценарио, на кое би и позавидел и познатиот режисер Брајан де Палма.
Сопругот на Kија, Слоба или како што од љубов таа го нарекува “балван”, влегува во љубов со Луна, а остатокот е историја…
Така стјуардесата стана жена број еден во државата Србија, количката ја замени со микрофонот, а потоа, наводно, се фати за пенкало и ја напиша својата животна драма во вид на автобиографија.
Не ги деградираме стјуардесите кои чесно си ја вршат својата работа, но благодарение на тебе, веруваме дека не им е лесно. Згора наа сето ова, Кристина Kија Коцкар влезе во филм дека е Бијонсе, нејзиниот сопруг Џеј-Зи, и дека наместо од Зрењанин пристигна од Њујорк.
Кија е убедена дека е високо морална дама, па преку социјалните мрежи дели лекции за чесност и морал, како да не ги паметиме нејзините голи ци*ки и од спотот за песната “Засекогаш”, кои ги триеше од лицето на фронтменот на бендот.
Настрана од тоа, Кија одлучи на својата Инстаграм страница со вклучување во живо да ги нарече претставниците на седмата сила го*на!
Епа, драга Кија, да не беа тие кои сега толку сочно ги навредуваш, замислувајќи си дека си светска ѕвезда, а не пејачка во обид, се’ уште ќе туркаше колички со сендвичи и проверуваше “излезите за итни случаи”. Веруваме дека не би ти го дозволиле ни тоа, имајќи предвид дека во авиокомпаниите работат културни и добро воспитани луѓе, а твојата актуелна слава очигледно тебе премногу ти го испила мозокот!
Но, немојте да се вознемируваш. Треба да уживаш во кариерата и славата со која се здоби благодарение на тоа што мажот ти те измам, зашто, кој знае … Следната сезона може да се појави некоја нова Луна која ќе го заведе некој друг Слобо.
Среќна Нова Година и ти посакуваме да закажеш тезга за дочекот на 2020 година, бидејќи, колку што разбравме, оваа ти ја откажале, зашто си продала само 27 влезници! – завршува новогодишната „честитка“ до Кија Коцкар, од навредените претставници на седмата сила од редакцијата на Ало.рс!