Радио Милева

Тијана Дапчевиќ со емотивно писмо до Дедо Мраз

Тијана Дапчевиќ со емотивно писмо до Дедо Мраз

Tијана Дапчевиќ со отворено писмо на „Инстаграм“ му се обрати на Дедо Мраз.

„Драги Дедо Мраз

Можеби е глупо што ти пишувам дури сега, кога сум мајка и тетка. Сега, кога треба да соработуваме околу подароците бидејќи ни е јасно дека сите деца се добри, додека за нас возрасните тоа не може да се каже. Извини што во јули и август не те прашуваме за здравје.

Извини што понекогаш  крадеме чоколадо од новогодишното пакетче. Знаеш како е, ќе ти падне шеќерот, ќе ти паде ролетна (во сообраќајот), ќе те фати ПМС – тој никогаш не бира ни празници, ни место.

Прости што немамо доволно СМС пораки.

Прости им на оние што се уште ги учат децата дека има бои за девојчиња и момчиња, но не знам дали да им простиш на оние кои од своите деца се откажуваат ако нивните деца одеднаш се фатат за сите бои.

Прости на оние мајки кои своите деца ги убедуваат дека модринките под око им се направени од врата,како децата да не знаат дека вратата служи за криење на погледот од реалноста.

Ако бидеш расположен, прости им на оние кои им го одземаат правото на децата на солзи, тврдејќи им дека така стануваат посилни. Никогаш не сакав математика, а посебно кога е вака глупа.

И потсети ги родителите да не оставаат скапи подароци под елката верувајќи дека подароците се сон на децата, а сите останатите денови своето внимание го оставаат во канцеларија, на работното место, па тебе те обвинуваат дека не постоиш.

Бакнежи од Тијана.

To top