Измина уште една година заедничко дружење… Ние, редакцијата на Вистина.мк и Вие, нашата верна читателска публика на нашиот портал. Се обидувавме да ве расположиме, насмееме, изненадиме, понекогаш шокираме, фасцинираме, ама и релаксираме и опуштиме во овие тешки времиња… Да ве оттргнеме од политиката, лошите мисли, непријатните случки, катастрофите, проблемите, немилите настани… Нам тие ниту ни се цел, ниту ни се приоритет… Создадени сме да ја третираме онаа, поубавата страна на животот, иако професионалноста и новинарската етика и одговорност кон читателот, не ни даваше за право да го премолчиме и она – што не е баш за пофалба, не е сјајно, бласкаво, розово…
Сепак, како и од самиот почеток и годинава се обидовме и во убавото и во помалку убавото да бидеме свои, уникатни, оригинални, едни и единствени… Новинарска лектира и за читателите и за „копи – пејст“ конкуренцијата. Затоа и само една има Вистина… Вистина.мк… Се’ друго е… знаете веќе што!
Да сте живи и здрави, да имате среќна и бериќетна година, многу поубава од оваа која заеднички ја испраќаме! Останете ни верни, Вистина.мк никогаш нема да ве изневери!
Редакцијата на „Вистина.мк“ Ви посакува Среќна Нова 2019 година!