Дали од насловната фотографија веќе почнавте да нагодувате за кого станува збор или пак веднаш се сетивте?
Да, веројатно има од оние повозрасните кои веднаш сфатија дека станува збор за нашата голема манедонска музичко-актерска ѕвзда Игор Џамбазов.
Тој уште како дете застана пред камерите со таа уметничка магија која што ја носи во своите гени, а тој сладок лик од тоа минато време и не лесно се заборава.
Џамбазов од неодамна стана корисник на социјалната мрежа Инстаграм каде е доста активен во последно време.
Па така освен фотографии и видеа од настапите со „Нокаут“, некој негов духовит заклучок, неговата мачка Емче, на профилот тој објави и неколку фотографии од детството, односно една од далечната 1977 година на летен одмор во авто-камп Градиште, а на другата е нешто помал заедно со сестра си Тања.
View this post on Instagram
Инаку, деновиве Игор е активен заедно со групата „Нокаут“, кои имаат доста настапи низ земјава, а секако не може да се заборават и снимањата на „Преспав“, каде Џамбазов ја има улогата на Миле Бузалески.