Радио Милева

Се огласи сопственикот на локалот во Кочани каде настапуваа „Амадеус бенд“: Српските медиуми измислија дека момче си ги пресече вените!

Се огласи сопственикот на локалот во Кочани каде настапуваа „Амадеус бенд“: Српските медиуми измислија дека момче си ги пресече вените!

Според информација пренесена од српските медиуми „Србија данас“ и „Ало.рс“, од содржините на Вистина.мк беше пренесено дека изминатиот викенд во локал во Кочани каде настапуваше српската група „Амадеус бенд“, се случил драматичен настан, од кој момче пред членовите на групата си ги пресекло вените.

По објавата,  до редакцијата на Вистина.мк се обрати сопственикот на ноќниот клуб „Але-Дар“, Александар Алексов, кој вели дека е изненаден од пишувањата на српските медиуми, а уште повеќе е изненаден од тоа што во објавата стои и изјава на член од бендот кој потврдува дека навистина се случил крвавиот настан.  Александар објаснува дека настапот поминал без никакви проблеми.

Во саботата бев присутен во текот на целата вечер и немаше никакво сечење на вени со нож во локалот, а најмалку пред публиката. Сите присутни што беа таму се чудат на изјавата од „Амадеус бенд“ што е објавена на српски портал. Немаше ништо такво, туку напротив целата вечер помина во разиграна атмосфера без никаков проблем. Инаку, презадоволен сум од настапот на групата, момците се супер и не верувам дека тие би дале таква невистинита изјава, вели Александар.

To top