Меган Маркл пред два месеци објави дека е бремена, а британскиот двор вообичаено не го наведува точниот термин на нејзиното породување.
Британските медиуми ги анализираат фотографиите од стомакот на Меган Маркл и многумина веруваат дека Војвотката има поголем стомак од вообичаено во таа фаза на бременоста. Палатата Кенсингтон објави дека бебето ќе дојде на пролет, што значи дека Меган е во петтиот месец од бременоста.
Некои поради големината на нејзиниот стомак велат дека носи близнаци, но палатата се уште молчи за тоа.
An amateur photographer who caught smiling Royals leaving church on Christmas Day 2017 has struck again – with a snap of the Duchess of Sussex.
Karen Anvil, 40, took the picture of Meghan Markle stroking her bump at Sandringham where Meghan was greeting wellwishers. pic.twitter.com/NGhgp5by9h
— IanBroughall (@IanBroughall) December 26, 2018
Фотографката Карен Анвил сними прекрасни фотографии на бремената војвотка и тврди дека зборувале за бременоста.
“Меган ми рече дека е многу возбудена и дека се чувствува добро и додаде дека останало уште мелку од бременоста”, вели Анвил.
Ова би значело дека кралското бебе може да пристигне многу порано од што медиумите и јавноста очекуваат.