Радио Милева

„Неговите пари не ми се важни“: Емина откри и дека го крие новиот партнер од синовите

„Неговите пари не ми се важни“: Емина откри и дека го крие новиот партнер од синовите

Атрактивната пејачка Емина Јаховиќ, по разводот од Мустафа Сандал, „заплови“ во емотивна врска со Садетин Саран, турски бизнисмен, но досега не зборуваше многу за нивната врска.

Сега за првпат проговори за новата романса и кажа:

– Искрено, јас не мислам многу за овие работи (на пример, тешко е да се влезе во нова врска по разводот). Имам два златни сина, прекрасен татко на моите деца и прекрасно семејство кое ме поддржува, па нов човек може да биде во мојот живот само за да го направи уште поубав. Додека е, тој ќе биде со мене, кога ќе престане да постои, таа врска повеќе нема да ме интересира. Материјалниот момент  не ми е важен, бидејќи имам доволно. Претходно, јас бев многу потолерантна, а сега знам повеќе немам право да тагувам за маж, бидејќи јас сум мајка на две деца – го изнесе своето мислење Емина за српски Стори, додавајќи дека нејзините два сина, 10-годишниот Јаман и 7-годишниот Јавуз, не се запознаени со настани во нејзиниот љубовен живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina) on

– Отворена сум со моите синови, особено со Јаман, кој е многу зрело дете и целосно ме разбира. Јавуз бара малку поинаков пристап, бидејќи се уште е големо бебе. Јас не криев од нив дека бев тажена кога се разведов, многу пати плачевме заедно, но мојата нова врска не е тема со која треба да се оптоваруваат. Прерано е да се знаат нешто за тоа – додаде Јаховиќ.

фото:инстаграм

To top