Радио Милева новогодишна честитка

Кој и го „стопи“ срцето на Весна – Бејби? (ФОТО+ВИДЕО)

Кој и го „стопи“ срцето на Весна – Бејби? (ФОТО+ВИДЕО)

Весна Бејби Петрушевска… професионално актерка, радио и ТВ водителка, писателка… Приватно „жена, мајка, кралица“… што би се рекло. Ама има и зошто. Освен тоа што грижливо и посветено се грижи за своите деца, и порај сите обврски Бејби наоѓа време и за оние, туѓите. И професионално и приватно.

Имено, таа ја има својата актерска школа Весна Петрушевска во која најмладите ги остваруваат своите актерски и не само актерски сништа.

Мама Бејби е не само добар актерски учител и педагог, туку нивна најверна другарка на која можат да и се доверат, со која можат да разговараат, да се пофалат, пожалат, да и признаат ама баш се’… И во добро и во лошо! И кога се среќни, а најчесто такви се и кога има некое проблемче, некое „црвче“ што ги грицка!

Празници се ближат, па време е за честитки… Новогодишни, божиќни, полни со убави здравици, желби за исполнување на соништата…

Први кои и го стоплија и „стопија“ срцето на Весна – Бејби беа токму децата… нејзините деца и тоа токму оние од Детското СОС  село со преубава Новогодишна честитка потпишана од нив. Онаква, каква што само искреното, топло и полно со љубов  детско срце и нивната чиста душа може да напише.

Бејби пак им возврати со љубов и најава на она што следува на почетокот на идната година, во вид на новогодишна порака:  „Фебруари 2019 е месецот кога ќе биде премиерата на “Нашата љубов” на малата сцена на МНТ.Децата ќе играат за деца!Неверојатно патување со овие прекрасни деца веќе неколку години.МНТ ни ги исполнува нашите соништа.Сакам да ви ја честитам новата година со завршниот монолог на Саша од претставата. Ако не ги негуваме нивните мисли ние навистина немаме иднина“ – напишала Весна Бејби од срце „стопено од среќа“ и го постирала видеото кое треба да го погледнете:

 

View this post on Instagram

 

Фебруари 2019 е месецот кога ќе биде премиерата на “Нашата љубов” на малата сцена на МНТ.Децата ќе играат за деца!Неверојатно патување со овие прекрасни деца веќе неколку години.МНТ ни ги исполнува нашите соништа.Сакам да ви ја честитам новата година со завршниот монолог на Саша од претставата✔️Ако не ги негуваме нивните мисли ние навистина немаме иднина??❤️❤️ @bejbishow @makedonskinarodenteatar #актерскашколавеснапетрушевска

A post shared by Vesna Petrusevska (@babymamarulz) on

To top