Младата менекенка Ивана Смит (18) е пронајдена мртва на балконот од шестиот кат од зграда во Куала Лумпур.
Странските медиуми јавуваат дека Ивана најверојатно паднала од 20-от кат по забава. Локалната полиција случајот го третира како несреќа, иако членовите на холандската манекенка инсистираат на истрага. Дедото на Ивана не верува дека таа паднала самата.
-Пронајдена е гола. Каде и се облеката и обувките? Веројатно постои некој криминален елемент во нејзината смрт. Не веруваме на приказната од полицијата бидејќи не можат да ни дадат ни фотографии од извештајот, изјавува дедото, кој во истрагата ја вкулучи и амбасадата и Интерпол.
Непосредно пред трагедијата, соседите наводно слушнале кавга од станот каде била Ивана, а според извештајот во нејзината крв се пронајдени алкохол и екстази.
Инаку, Ивана работеше за познати брендови меѓу кои и Шанел.