Супермоделот од Англија, Наоми Кемпбел објави фотографија на социјалните мрежи на која ја покажа својата природна коса.
48 годишната наоми обично ја гледаме со перика или капа на главата, а сега одлучи на своите обожаватели да им се покаже во вистинското светло.
Минатата година манекенката во јавност проговори како за малку не останала без коса поради честото користење екстензии, плетенки и виткање на косата.
View this post on Instagram
Жените на овој начин ја мачат својата коса и може да страдаат од централна центрифугална цикатрицијална алопеција која може да биде трајна.
View this post on Instagram
Наоми истакна дека нејзината коса полека се опоравува откако си дала време да ја ослободи од сите стегања и третмани.