Радио Милева

Беше прогласен за најбогат во 2015 година: Актерот од „Пиратите од Карибите“ го подарува целото свое богатство

Беше прогласен за најбогат во 2015 година: Актерот од „Пиратите од Карибите“ го подарува целото свое богатство

Кинескиот актер и ѕвездта од филмовите „Прикриен тигар, скриен змеј“, „Подобро утро“ и „Пиратите од Карибите“, Чау Јун Фат, вели дека по својата смрт своето богатство ќе го донира во хуманитарни организации.

Освен тоа што Форбс во 2015 година го стави во листата на најплатени актери, чие богатство се проценува на околу 700 милиони долари, Чау Јун фат може да се види на улиците во Хонконг како се вози со градски превоз или чека во ред за да купи карта за во кино.

-Парите не се нешто што се поседува засекогаш. Кога ќе замините еден ден, оставете другите да користат. Кога ќе умрете не можете со себе да ги земете банкарските сметки, објаснува тој.

Неговата сопруга Јасмин Тан целосно го поддржува во таа одлука. За својот сопруг вели дека често сака да јаде на уличните киосци, а својата стара „Нокиа“ со тешко срце ја заменил кога престанала да работи.

To top