Радио Милева

Кралицата и е многу лута на Меган пред Божиќ: „Работите излегуваат надвор од контрола!“

Кралицата и е многу лута на Меган пред Божиќ: „Работите излегуваат надвор од контрола!“

Британците со нетрпение го очекуваат вечерашниот божиќен говор на кралицата Елизабета Втора иако е сигурно дека нема да се изјасни за Брегзит и поделбите кои владеат помеѓу нејзиниот народ.

Ова беше навистина возбудлива година за кралското семејство, а скандалите не ги заобиколија ниту овој пат.

Проблемите со семејството на Меган им зададоа главоболка на персоналот и членовите на кралското семејство.

Полусестрата, полубратот и таткото на Меган постојано се појавуваа во медиумите, а на кралицата најмногу ѝ пречи ситуацијата со Томас Маркл од која најмногу сака да се ослободи и поради тоа ѝ е многу лута на Меган.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HM Queen Elizabeth (@hm.queenelizabeth) on


-Работите излегуваат надвор од контрола, а Хари и Меган очигледно не знаат да го решат проблемот, вели неименуван извор од Кенсингтонската палата.

Имено, Меган Маркл и принцот Хари не побарале помош од Бакингамската палата во случајот со Томас Маркл и инсистираат тоа сами да го решат, а со оглед на тоа дека кралицата е свесна дека тоа не им оди од рака е многу лута што не бараат помош.

Кралските биографи велат дека ситуацијата со семејството на новата кралска невеста требала и можела да се реши пред венчавката и дека штетата која семејството Маркл му ја нанесе на кралското семејство е непоправлива.

Меган со својот татко не контактира од денот на својата венчавка на која тој не дошол бидејќи наводно имал проблеми со срцето.

Подоцна во медиумите се појави Томас кој изнесе детали од животот на својата ќерка, но и од на принцот Хари така што јавноста дозна дека Хари го поддржува Доналд Трамп, што е недозволиво со оглед на тоа дека кралското семејство не смее да се изјаснува за политички теми.

To top