Пејачката и ќерка на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, вели дека стои на ставот дека се уште е рано за мажење и основање семејство, без оглед на тоа дека наскоро ќе прослави две години врска со партнерот Ѓорѓе Куљиќ.
-За врската се уште не сакам да зборувам, бидејќи моето момче не е јавна личност. Но во блиска иднина немам план за брак. Млада сум и тоа нема да ми побегне. Мојот брат Вељко е личност за себе, како и јас, така што неговиот пат не мора да влијае на мојот и обратно. Претпоставувам дека е подготвен за тој чекор штом за тоа се одлучил. Неговата Богдана е прекрасна девојка и многу ја сакам. Целосно се вклопи во нашето семејство. Како отсекогаш да е тука. Доста време поминува со Вељко, но кога не се заедно дакам да пиеме кафе, вели наследничката на Цеца.
View this post on Instagram
Таа вели дека припаѓа во грушата жени кои сакаат да бидат независни.
-Секоја жена треба да се труди да биде независна. Немам намера да живеам така што ќе чекам партнерот да ми даде пари, објаснува Анастасија.
фото:инсатграм