Поп пејачката Емина Јаховиќ и нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал се „уловени“ заедно на патување.
Имено, тие самите се издадоа кога на социјалните мрежи објавија фотографии со кои докажуваат дека во исто време се наоѓаат на исто место.
Како што пишуваат медиумите во регионот, тие со синовите Јавуз и Јаман престојуваат во Милано, а друштво им прави братот на пејачката, екст-кошаркарот Мирсад Јаховиќ.
View this post on Instagram
Ако се суди според објавите, на Мустафа и Емина им годи заедничкото патување, а пејачката во неколку наврати истакна дека среќата на нејзините деца и е најважна.
View this post on Instagram
Потсетуваме, Емина по разводот од Мустафа за брзо се впушти во нова љубовна врска со турскиот милијардер Садатин Саран.
foto:instagram/emina jahovic/mustafasandal