Изминатиот викенд фолк пејачката Сани Апостоловска-Гроздановска заврши во болница каде по примената инфузија и третманот на лекарите, брзо им се врати на секојдневните обврски.
Очигледно дека на Сани и требаше само мало освежување по многуте настапи на кои повторно им се врати.
Таа преку социјалните мрежи напиша дека за добро здравје важно е да не се „јадете“ одвнатре, а од храна да јадете се.
Нејзината девиза очигледно и помогна, а во прилог на тоа покажа и како изгледа нејзиниот дом декориран во новогодишен амбиент.
Бидејќи ги има малечките ќеркички дома, веруваме дека тие се најрадостните кога мама е дома и кога вака ќе им украси.
фото:инстаграм