Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, конечно бриљира во Шпанија. Беше главен на мечот на неговиот Рајо Ваљекано против Леванте, каде што со своите пантерски интервенции му ја донесе победата на својот клуб.
Несомнено дека промената на средината од Тарагона во Мадрид на Столе му прија. И професионално, ама и приватно. Голот на Рајо го чува како никогаш до сега, па навивачите френетично го скандираат неговото име од трибините. Како и не би кога не дава мрежата на новиот клуб од предградието на Мадрид да ја полнат противниците. Во моментов Столе сите го сакаат… Ама тој сака само една личност.
Вплеткан во љубовната мрежа, вљубен до уши во шармантна и привлечна русокоса со симпатична насмевка која освојува на прва, срцето на Столе чука само за неа… за убавата Лори.
Божиќните празници во католичкиот свет започнаа, па Столе и Лори не пропуштија да направат божиќна шопинг прошетка низ многуте мадридски молови. Се разбира, фотографијата за спомен покрај големата божиќна елка и пораката полна со изливи на нежност и чувства, постирана покрај неа:
„Кога си ти до мене, божиќната магија е двојно волшебна… Те сакам мило мое“ – се зборовите во слободен превоид со кои Лори му го стопли срцето за Божиќ на својот човек, нашиот голман, нејзиниот Столе!
Очигледно шпанската убавица знае како да го врати Столе во врвна форма… и спортска и животна! Впрочем, малку девојки умеат својата магија да ја употребат за да го претворат животот во волшебство.
Шармантната Лори очигледно знае како да вметне магија во нивната љубовна бајка!