Животот на српската актерка Светлана Бојковиќ е достоен на вистинска сапуница. Имено, легендарната актерка признава дека во исто време била со двајца мажи. Тоа се случувало додека ја снимала серијата „Бољи живот“ кон крајот на 80-тите години.
Додека службено била во брак со првиот сопруг Милош Жутиќ, го запознала и засакала вториот сопруг, Љубомир Драшкиќ.
-Моите бракови се поклопија во 80-тите. Во заедница со Љубомир влегов пред разводот од Милош. Нашата љубов беше посилна од сите правни норми, а службено се венчавме во 1990 година. Бидејќи и тој од првиот брак излезе на ист начин како и јас од својот, вели актерката за српските медиуми.
View this post on Instagram
Таа вели дека првиот брак пропаднал бидејќи се омажила премлада.
-Се омажив кога имав 20 години, а Милош осум повеќе. Бевме незрели за брак. Дојде до ерозија на нашата заедница, но не и нашиот човечки однос кој остана до крај на неговиот живот, до 1993 година. Јас со Љубомир, а тој со актерката Огњанка Огњановиќ го доби синот Ѓорѓе. Но и ние двете останавме блиски, вели актерката. Нејзиниот прв сопруг почина од тешка болест, а во бракот со Бојковиќ доби ќерка, актерката Катарина Жутиќ.