Српската пејачка Индира Арадиновиќ, Инди, која кон крајот на 2012 година ги зголеми градите, сега одлучи да направи нова корекција на своето лице- ги зголеми усните.
Пејачката на овој потег се одлучила по долго размислување и кога добила препорака од пријатели, веднаш се упатила во приватна клиника каде и биле вбризгани хијалуронски филери.
Инди за брзо време се пофали со новиот изглед, а освен тоа ја скрати и долгата коса по која беше препознатлива.
View this post on Instagram
Токму овие промени придонесоа таа да изгледа многу поразлично од претходно. Во врска со зголемувањето на градите пред 6 години таа изјави:
View this post on Instagram
-Многу ме боли кичмата. Докторот ми кажа дека морам да вежбам, да ги зајакнам мускулите. Не можам да кажам дека се покајав што ги зголемив градите, бидејќи визуелниот ефект не изостана, но самодовербата не ми се поправи. Искрено, да не сум пејачка, никогаш не би ставила силикони, изјави тогаш Инди за еден српски медиум.