Македонската пејачка „со тапија“ за естрадно пеење, Елена Миленковска и оваа сезона е дел од „Ѕвездите на Гранд“. Таа повторно се пријави во ова регионално музичко талент шоу, кое е вистински катапулт за кариерата на оние што ќе имат среќа да минат кај жирито и неговите строги критериуми.
Елена престојот во Белград покрај подготовките и самиот настап го искористи и за дружење со некои од останатите учесници во шоуто, па таквото пријателство, но се разбира пред се’, нејзините одлични настапи на “Гранд“ сцената покрај симпатиите на публикат и наклоноста на жирито и донесоа уште нешто: Елена Миленковска ја доби првата „тезга“ во Белград!
Најпрвин еднаш, како специјална гостинка на нејзината колешка од настапите во „Гранд“ пејачката Андријана Зимоњиќ…
…А, потоа и секој четврток заедно со неа, па на крај… веројатно и соло! И не само на истото место.
А дотогаш… луда журка во елитниот белградски кафе ресторан Х со Андријана и Елена. „Животот е еден, сочинет од мигови кои го одземаат здивот… И затоа дојдете овој момент да го направиме незаборавен“ – порачаа двете пејачки.