Не грижете се, фолк дивата не е ниту фатена како дила, ниту да дува… Така гласи насловот на нејзината нова песна, чија промоција ја најави.
Во изминатиот месец имаше многу шпекулации за тоа кога ќе биде пуштена новата песна на Карлеуша, како и со кого таа ја снимаше…?
ЈК одлучи да не ја држи својата армија фанови во неизвесност, па преку социјалната мрежа Твитер објави дека новиот сингл кој се вика „Марихуана“ ќе ја има својата премиера на 24 декември во 21 часот.
Она што е особено интересно е дека Карлеуша го сними овој сингл во соработка со Александар Милиќ Мили и реперот Суреал.
Песната носи интригантен наслов „Марихуана“, а публиката едвај чека да слушне за што се работи.
— JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) December 19, 2018