Радио Милева

Новогодишна магија во домот на Сека Алексиќ (видео)

Новогодишна магија во домот на Сека Алексиќ (видео)

Познатата фолк пејачка им покажа на своите следбеници на Инстаграм како го украси домот каде живее заедно со сопругот и синот Јаков, а по објавувањето, коментарите стигнуваат од сите страни.

Сека Алексиќ(37) сподели видео од кои може да видиме како ја накитила елката и останатите детали околу неа.

-Празниците ни доаѓаат! Дали се радувате на Нова година?! Какви ви се желбите?! Моето мислење е дека Нова година не носи исполнување на желбите, треба да се радувате на секој нов ден кој Бог ни го дава! И оваа година ја накитивме елката за Јаков иако тој се уште не е свесен што таа претставува, па секој ден крши неколку украси од неа, напиша пејачката која и минатата година ја накити елката за Јаков кој тогаш се роди.

To top