Радио Милева

Анастасија Ражнатовиќ не сака момчиња на кои ќе им дава од своите пари

Анастасија Ражнатовиќ не сака момчиња на кои ќе им дава од своите пари

Младата наследничка на фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, се најде на насловната страница на српскиот магазин „Стори“.

Анастасија си ја отвори душата и раскажа дека никогаш не би го издржувала партнерот од свои финансиски сретства. Освен тоа, таа окри дека одлично се согласува со снаата Богдана и дека ужива да пие кафе заедно со неа.

-Мислам дека секоја жена треба да се труди да биде независна. Немам намера да живеам чекајќи од партнерот да ми дава џепарлак. А и не сакам покрај себе да имам партнер што ќе го финансирам јас. Важно ми е и двајцата да бидеме успешни и изградени во својата кариера, а кога е така, тогаш ниту една страна не е незадоволство, вели Анастасија, а кога ја прашаа за сопругата на нејзиниот брат Вељко, таа вели:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Najcitaniji magazin o slavnima (@story.srbija) on

Богдана е прекрасна девојка и многу ја сакам. Целосно се вклопи во нашето семејство и имам чувство како отсекогаш да била тука. Поголемиот дел од времето го поминува со Вељко, бидејќи буквално се неразделни. Но, секогаш кога не се заедно, сакаме да испиеме кафе и да си поприкажеме, раскажа Анастасија за „Стори“.

Инаку, Анастасија периодов ужива во Швајцарија заедно со своето момче Ѓорѓе Куљиќ.

To top