Радио Милева

„Преспав“ е во Преспа или на друга локација: Дознајте која е адресата на најпознатиот македонски пансион (фото)

„Преспав“ е во Преспа или на друга локација: Дознајте која е адресата на најпознатиот македонски пансион (фото)

Од неделава на Македонската телевизија започна да се емитува третата сезона на популарната македонска серија „Преспав“ кој се снимаше изминатите неколку месеци.

Бидејќи новогодишниот амбиент преовладува секаде, така мора да биде и во „Преспав“.

Имено, Германката Ула или Тијана Дапчевиќ преку својот Инстаграм откри дека екипата од нејзиниот европски пансион е во предновогодишно расположение, па објави неколку фотографии за кои дополни дека се снима новоговишна епизода, па позираа заедно со рецепционерот Талат.

Но, на адреса „Преспав“ се најдоа и водителките на емисијата „Стисни Плеј“, Александра Јовановска и Јана Бурче.

Доколку не сте занеле, вистинската адреса, односно местото каде настануваат сите згоди и незгоди од сценариото или локацијата на снимање, е во Македонската телевизија која постави автентична сценографија.

Доколку досега не сте имале можност да погледнете како тоа изгледа зад камерите, погледнете ги фотографиите од снимањето кои се најдоа на официјалниот Фејсбук профил на најпознатиот македонски пансион од преспанскиот крај, кој работи по европски стандарди или барем се труди.

фото:фејсбук/преспав

To top