Сексапилната и контроверзна бугарска пејачка Гери-Никол го стопи снегот на скијачките патеки, пишува “Бугарија денес”.
Пејачката се оддаде на зимски спортови неколку дена, а флуоресцентниот циклама костим ја оддаваше оддалеку.
Но, Гери не би била тоа што е – атрактивна и провокативна, па затоа и се расоблече запрепастувајќи ги скијачите на смрзнатата патека во познатиот ски центар Банско, кои на минусни температури се прашуваа како не и е ладно?
А како да и биде кога пејачката е позната по тоа што „и врие крвта“… а неретко и хормоните!