Форбсовата листа на најбогатите луѓе на светот ги ажурираше најновите податоци за 2018 година. Форбс ја следи ситуацијата и составува листа на имиња од дури 2.208 милијардери, чија заедничка вредност е 9.1 билион долари.
Во оваа листа се издвоени и најбогатите славни личности, а годинава првата позиција му припадна на режисерот Џорџ Лукас(74) кој има заработка од 5 милијарди долари.
Везнаш зад него е исто така режисер, односно Стивен Спилберг со 4 милијарди долари, а трета е Опра Винфри со заработка од 3 милијарди долари.
Изненадување е кошаркарот во пензија Мајкл Џордан чие богатство се проценува на 2 милијарди долари.
Петото место го делат старлетата и деловна жена Кајли Џенер (21) и раперот Џеј-Зи со по 900 милиони долари. Листата ја заокружуваат изузионистот Дејвид Коперфид, раперот Пи Диди, голферот Тајгер Вудс и авторот Џејмс Патерсон.