Иако последните неколку недели се шпекулираше дека се разведуваат Северина Којиќ и Игор Којиќ, сега хрватската пејачка стави крај на шпекулациите.
Имено, по повод новата песна која ја издаде Северина со емотивна порака му се заблагодари на сопругот.
„Ви благодарам на сите на убавите зборови. Многу ми е драго што ви се допаѓа оваа песна. Му благодарам на сопругот кој со денови и ноќи ја слушаеше и еден ден кажа: „Ај за моја љубов, прати и на Марина“. И требаше една ноќ и утре дента ми прати текст“ напиша Северина.
Со овој гест, Северина покажа дека се е во најдобар ред со нејзиниот сопруг.