Радио Милева

Вака изгледа стан од 29 милиони долари кој ги задоволува естетските апетити на саудискиот принц (фото)

Вака изгледа стан од 29 милиони долари кој ги задоволува естетските апетити на саудискиот принц (фото)

Членот на саудиското кралско семејство, принцот Саад бин Митеб Ал Сауд е заинтересиран за купување луксузен стан од 29 милиони долари, во Њујорк.

Станува збор за стан од пет соби и шест бањи, се протега на 505 метри квадратни и од терасата има прекрасен поглед на градот.

Зградата е изградена во 1905 година, а во неа исто така имаат живеено Оливја Вајлд и Џејсон Судеикис кои го продале својот стан за 3,8 милиони долари, пишува New York Post.

Брокерката Џесика Раинс, која наводно е задолжена за продажба на станот, одбива да коментира за медиумите.

Foto: streeteasy.com

To top