Дарко Лазиќ, кој на 23 октомври доживеа сериозна сообраќајна несреќа, денес, по три седмици престој во бањата Селтерс, беше на првата контрола на Институтот за ортопедски и хируршки болести Бањица, каде што лекарите се уверени дека пејачот напредува по операцијата на коските и колкот .
„Лекарот рече декарезултатите се одлични, и тие се среќни… Треба трпение… Лекарот рече дека добро напредувам. Јас сум задоволен, а и тој е задоволен. На почетокот беше тешко, но, навикнав на тоа“ – рече пејачот, кој се смешкаше цело време, слушајќи ги добрите вести од лекарите за неговото здравје.
Влегувајќи во комбито на брзата помош, Дарко опкружен со бројни новинари и фоторепортери на прашањето како се чувствува, ќе одговори: „Како Лејди Гага се чувствувам“ – алудирајќи на нејзината песна „Папарацо“!
Фото: Е- Сток