Пред три дена поп-пејачката Тамара Тодевска по вторпат стана мајка и на свет донесе здраво машко бебе кое го доби името Дарен.
Таа се уште е во болница, а семејството со нетрпение го очекува мигот кога сега во проширен состав ќе бидат заедно дома, уште и во магичен новогодишен амбиент.
Тамара, нејзниот сопруг и малата Хана го имаат најубавиот подаок кој уште пред да замислат желба за Новата – им се исполни.
Мама Тамара на својот профил на Инстаграм објави фотографија од болничкиот кревет, уморна од породувањето и без шминка, но очигледно и повеќе од среќна и задоволна што повторно се оствари во најсупериорната улога што може да ја има една жена.
-Мајка на две, без шминка, напиша пејачката.
Наскоро ќе биде дома, а пред излегување од болницата веќе очекувано е да се појават и фотографиите за испраќање на мама и Дарен кој исто како и неговата сестричка Хана уште пред да се роди веќе стана познат.
фото:instagram/tamaratodevska