Радио Милева

Трагедија: Во сообраќајна несреќа загина поранешната 24 годишна учесничка во шоуто „Фарма“

Трагедија: Во сообраќајна несреќа загина поранешната 24 годишна учесничка во шоуто „Фарма“

Утрово околу пет часот на местото Тополје кај Иваниќ Град во сообраќајна несреќа загина  поранешната учесничка во реалното шоу „Фарма“.

Станува збор за 24 годишната Едита Птичар која учествуваше на „Фарма“, а информацијата ја потврди и телевизијата каде се емитуваше шоуто.

Во сообраќајната несреќа автомобилот Ауди 80 излетало од патот околу пет часот наутро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Edita Ptičar (@pticarica_e) on


Автомобилот наводно го возела Едита, која загинала на лице место, а заедно со неа било и 26 годишно момче, сопственик на автомобилот. Тој завршил во болница со тешки повреди.

24 годишната Едита помина 11 недели на „Фарма“ и изјавуваше дека за неа тоа било одлично искуство.

На нејзиниот профил на Инстгарам стојат и објави од пред 21 час кога ги објавила чизмичките кои мајката и ги подарила за празниците.

 

To top