Радио Милева

Раста за првпат во јавност со нова девојка – дали со неа ја замени Ана Николиќ? (фото)

Раста за првпат во јавност со нова девојка – дали со неа ја замени Ана Николиќ? (фото)

По разводот од Ана Николиќ, српскиот рапер Стефан Ѓуриќ раста се до сега не е виден во друштво на нова девојка.

Иако се шпекулираше дека е во врска со Елена Китиќ, таа го демантираше тоа, а неговите обожаватели се прашуваат дачи постои некоја друга.

Екипата на „папарацо лов“ го следеше Раста во претходните денови, а во една прилика го снимија пред еден белградски ресторан Елена Китиќ, Сандра Африка, раперот и други.

Со нив била и една девојка, наводно другарка на Сандра Африка, а екипата на оваа емисија забележала дека Раста не тргнал сам кон дома.

Тие го следеле до неговата куќа, а кога застанале, Раста ги забележал, но не реагирал. Папараците чекале да видат дали непознатата девојка ќе излезе и на крајот тоа и се случило, а како изгледаше моментот погледнете од фотографиите.

Дали ова е новата избраничка на Раста или е нешто друго во прашање за сега е непознато.

To top