Холивудските ѕвезди Анџелина Џоли (43) и Бред Пит (54) најпосле пронајдоа заеднички јазик и постигнаа договор околу старателството на шесте деца.
Дека актерите дошле до разумен договор потврдува и Саманта Блеј Деџин, адвокатката на Џоли, истакнувајќи дека деталите од нивниот договор се доверливи, со што се штити интересот на децата.
Договорот го поштеди судскиот процес кој требаше да почне на 4-ти декември во Лос Анџелес.
Адвокатката вели дека договорот се темели на препораки од експерти за доброто на децата.
Џоли сакаше да добиле целосно старателство, додека Бред бараше да го сподели старателството.