Радио Милева

Мачка за синот Дарен веднаш ги собра пријателите во кафеана, а се огласи и бабата – свекрвата на Тамара (фото)

Мачка за синот Дарен веднаш ги собра пријателите во кафеана, а се огласи и бабата – свекрвата на Тамара (фото)

Велат дека радоста кога ќе го добиете првото дете е незаменлива, независно дали бебето е момче или девојче, а пак кога на свет ќе дојде и второто, тогаш родителската љубов се дуплира, а најголемото животно богатство станува непроценливо.

Токму тие мигови на неизмерна среќа ги живеат пејачката Тамара Тодевска и нејзиниот сопруг Александар Димитровски – Мачка.

Кога пред две години им се роди Хана, на Мачка му требаа три дена да се организира за мекици, а сега за синот Дарен кој се роди вчера 12.(среда) декември, гордиот тато веднаш ги собра неговите и пријателите на сопругата во кафеана.

Меѓу нив беше и манекенката и пријателка на Тамара, Катарина Ивановска, која атмосферата ја сподели на Инстаграм.

Секако, таа не пропушти да го овековечи и лицето на среќниот татко, кој за синот, барем во моменти кога е настаната снимката изгледа опуштено и среќно.

Кога славеше за Хана беше доста еуфоричен, расоблечен и со пелена на појасот, но веруваме дека славењето за синот ќе трае неколку дена, а ова е само почеток.

Инаку, преку социјалните мрежи радостана вест дека повторно станала баба ја сподели и мајката на Мачка, свекрвата на Тамара, Софија која напиша:

-Денес станав повторно баба на едно мало прекрасно срценце Дарен… Добредојде на свет мило внуче да си ни жив и здрав… Честито синче Тамара и Александар, честито братче Хана… Ве сакам сите, пишува баба Софија од Гевгелија.

На честитките секако се приклучи и тета Тијана која пак напиша:

-Станав тетка! Добредојде Дарен, те сака кека твоја. Честитам мама и тато!, напиша тета Тијана.

фото:printscreen/instagram

To top